Тефтер
Програма за ресторани

Програма за ресторани — сè на едно место

Тефтер е програма за ресторани (познато и како „programa za restorani“) која ги обединува нарачките, залихата, рецептите, распоредот на смени, касата и фискалните сметки во еден систем — без куп посебни апликации и без месечни сметки за функции што не ти требаат.

Сè-во-едно: од нарачката до фискалната сметка

Со Тефтер, твојот ресторан добива комплетна програма наместо четири несврзани алатки. Келнерот внесува нарачка на таблет или компјутер, нарачката оди директно во кујна и на бар, залихата се одзема според рецептот, а сметката излегува фискално — без двојно внесување и без грешки.

Локална инсталација — работи и офлајн

Тефтер се инсталира на твојот компјутер, не во облак. Ако ти падне интернетот среде вечерна служба, локалот продолжува да работи без прекин. Врска е потребна само за QR менито и далечинската поддршка — сè друго е локално и под твоја контрола.

Без нов хардвер

Програмата работи на компјутерот и Android таблетот што веќе ги имаш — не треба да купуваш нов POS терминал или специјализирана каса. Ако тукушто отвораш ресторан, можеме да обезбедиме целосен стартен систем.

Поврзани

Види и: POS систем за ресторани, QR мени со нарачување, фискален принтер и споредба со други системи.

Прашања

Често поставувани прашања

Колку чини програмата за ресторани?

Првите 2 месеци бесплатно, без обврска. По пилотот ја прифаќаме цената од твојот сегашен доставувач — без скриени трошоци.

Што содржи програмата?

Нарачки по маса, залиха со рецепти, распоред на смени, каса по келнер, фискални сметки и QR мени — сето тоа во еден систем, без посебни апликации за секоја работа.

Дали програмата издава фискални сметки?

Да — Тефтер се поврзува со фискален принтер и издава фискални сметки усогласени со УЈП.

Започни пилот — 2 месеци бесплатно.

Целосна инсталација, обука и поддршка. Без обврска.