Тефтер
POS систем

POS систем за ресторани што е само твој

Тефтер е POS систем за ресторани (познат и како „POS sistem za restorani“) што ги спојува нарачките, залихата, рецептите, распоредот на смени и фискалните сметки во еден чист интерфејс - без месечни сметки за функции што не ги користиш.

Сè што му треба на ресторанот, на едно место

Наместо посебна каса, посебна апликација за залиха и трета за распоред, Тефтер е еден систем. Келнерот зема нарачка на таблет или компјутер, нарачката оди во кујна и на бар, залихата се одзема според рецептот, а сметката излегува фискално - без двојно внесување.

POS за ресторан што работи од првиот ден

Не ти треба техничар за да почнеш. Тефтер како POS за ресторан се поставува за 15 минути на постоечка опрема - внесуваш мени, поврзуваш фискален принтер и веднаш земаш нарачки. Од мал семеен ресторан до локал со повеќе сали, истиот систем расте со тебе.

Локална инсталација - работи и без интернет

За разлика од чисто облачните системи, Тефтер е локална инсталација на твојот компјутер. Локалот работи и кога ќе падне интернетот; врска е потребна само за QR менито и далечинската поддршка.

Без нов хардвер

Тефтер работи на компјутерот што веќе го имаш и на Android таблет - не треба да купуваш нов POS терминал. Ако тукушто отвораш локал, можеме да обезбедиме целосен систем.

Поврзани

Види и: QR мени со нарачување, фискален принтер, POS за кафе и бар и споредба со други POS системи.

Во системот

Види го POS-от
одвнатре.

Шест работни простори - од сала до кујна, каса и QR. Кликни модул, листај екрани. Вистински UI, не mock.

1 / 31
Core Сала и нарачки
Нарачка

Нарачка

Категории, варијанти, брзо додавање - на маса или шанк.

Маси, грид, киоск и нарачка во еден тек - од отворање до испраќање во кујна.

Цени · преглед

Јасен пакет.
Core + модули.

Локално, без доплата по каса, таблет или келнер, со заклучена цена. Плаќаш само за модулите што ги користиш - и никогаш повеќе од капата за „Сè“. Поевтино од фиксните пакети и облачните претплати.

Задолжително

Core POS

Целосно употреблив терминал - од нарачка до фискал, вклучувајќи основни Финансии.

1.900
ден / месец
  • Маси, нарачки, мени, floor plan
  • Каса · раздолжување · пишанки · фактура
  • Основни Финансии (трошоци)
  • Еден фискален + термални
  • Кујна/бар рутирање · clock in/out
  • Основни извештаи · корисници · улоги

Што вклучува понудата

  • Инсталација и обука
  • Поддршка во работно време
  • Ажурирања на софтверот
  • Без скриени доплати по уред (каса/таблет/келнер)
Побарај понуда

Плаќани модули

Залиха и трошоци

Состојки, рецепти, прием, попис, расход, GP / COGS.

1.200 ден/мес

Екрани за нарачки (KDS)

NEW

Екрани во кујна/шанк наместо ливчиња - нарачките се појавуваат и се означуваат готови. EXPO, runner, станици, multi-fiscal.

1.000 ден/мес

Гости

Headline

QR мени, нарачки од маса, резервации, календар, превод.

1.000 ден/мес

Тим и раководство

Распоред, плати, checklists, custom улоги, live view, Telegram.

1.000 ден/мес

AI скен

OCR на фактури и договори - fair use, надминувањето се наплаќа посебно.

1.500 ден/мес

„Сè“ - Core + сите модули за 5.900 ден/мес (капа)

Никогаш не плаќаш повеќе, без разлика колку модули вклучуваш. Годишна претплата = 2 месеци бесплатно · заклучена цена 2 години.

Препораки

Препорачај локал - работи бесплатно.

Кога локал што го препорачуваш ќе стане платежен корисник, ти добиваш 1 месец бесплатно, а тие добиваат бонус на старт. Без ограничување - секој нов локал е уште еден бесплатен месец, до цела година бесплатно.

  1. 1 Препорачај го Тефтер на друг локал
  2. 2 Тие се претплатуваат и почнуваат да плаќаат
  3. 3 Ти добиваш бесплатен месец, тие бонус

Без обврска. Ти се јавуваме за демо или понуда.

Прашања

Често поставувани прашања

Кој е најдобар POS за ресторан?

Најдобриот POS за ресторан е оној што работи на опремата што веќе ја имаш, издава фискални сметки усогласени со УЈП и не наплаќа по уред. Тефтер го поставуваш за 15 минути и плаќаш само за модулите што ги користиш.

Што содржи POS системот за ресторани?

Нарачки по маса, попис на залиха со рецепти, распоред на смени, каса по келнер, извештаи и фискални сметки - сето во еден интерфејс, без посебни апликации за секоја работа.

Дали POS системот издава фискални сметки?

Да - Тефтер се поврзува со фискален принтер и издава фискални сметки усогласени со УЈП.

Колку чини?

Core од 1.900 ден/мес + модули. Финална понуда по локал, без доплата по уред.

Со годишна претплата - 2 месеци бесплатно.

Целосна инсталација и обука. Core + модули - плаќаш само што користиш, без долгорочен договор.

Контакт

Закажи демо.
Побарај понуда.

Доаѓаме на лице место, инсталираме Тефтер и ги поминуваме твоите модули и цени. Без такса за демонстрацијата.

Не сакаш форми? Избери канал:

Понуда / демо

Пополни кратко - остатокот го средуваме во разговор.

Со испраќање се согласуваш со Политиката за приватност.