Тефтер
Фискализација

Фискален принтер интегриран во твојот ресторан

Тефтер се поврзува со фискален принтер - познато и како „fiskalen printer“ - и ја автоматизира целата фискализација: од сметката на масата до дневното затворање. Без рачно внесување, без пропуштени фискални сметки.

Фискална сметка на крај на секоја нарачка

Штом келнерот ја затвори нарачката, Тефтер автоматски праќа команда до фискалниот принтер и печати фискална сметка. Гостинот ја добива веднаш - без чекање, без грешки при рачно внесување на износот.

X, Z и периодични фискални извештаи

Управувај со фискалниот уред директно преку Тефтер без да го напушташ интерфејсот:

Управување со фиока за пари

Тефтер го контролира отворањето на фиоката при секоја готовинска наплата. Влезот и излезот на пари се евидентираат со временска ознака и корисник, така што секогаш знаеш кој, кога и колку пари поминале низ касата. Ова го поедноставува усогласувањето на готовина на крајот на смената.

Широка поддршка за фискални принтери

Тефтер е проектиран да работи со фискални принтери и фискални каси достапни на македонскиот пазар. При поврзување на нов уред, тимот на Тефтер обезбедува техничка поддршка за да осигури дека интеграцијата работи коректно пред да го пуштиш системот во живо.

Поврзани

Сакаш да знаеш повеќе за целосното решение? Прочитај за POS системот за ресторани или погледни ја споредбата на Тефтер со другите системи за да видиш зошто сè повеќе ресторани во Македонија го избираат Тефтер.

Во системот

Види го POS-от
одвнатре.

Шест работни простори - од сала до кујна, каса и QR. Кликни модул, листај екрани. Вистински UI, не mock.

1 / 31
Core Сала и нарачки
Нарачка

Нарачка

Категории, варијанти, брзо додавање - на маса или шанк.

Маси, грид, киоск и нарачка во еден тек - од отворање до испраќање во кујна.

Цени · преглед

Јасен пакет.
Core + модули.

Локално, без доплата по каса, таблет или келнер, со заклучена цена. Плаќаш само за модулите што ги користиш - и никогаш повеќе од капата за „Сè“. Поевтино од фиксните пакети и облачните претплати.

Задолжително

Core POS

Целосно употреблив терминал - од нарачка до фискал, вклучувајќи основни Финансии.

1.900
ден / месец
  • Маси, нарачки, мени, floor plan
  • Каса · раздолжување · пишанки · фактура
  • Основни Финансии (трошоци)
  • Еден фискален + термални
  • Кујна/бар рутирање · clock in/out
  • Основни извештаи · корисници · улоги

Што вклучува понудата

  • Инсталација и обука
  • Поддршка во работно време
  • Ажурирања на софтверот
  • Без скриени доплати по уред (каса/таблет/келнер)
Побарај понуда

Плаќани модули

Залиха и трошоци

Состојки, рецепти, прием, попис, расход, GP / COGS.

1.200 ден/мес

Екрани за нарачки (KDS)

NEW

Екрани во кујна/шанк наместо ливчиња - нарачките се појавуваат и се означуваат готови. EXPO, runner, станици, multi-fiscal.

1.000 ден/мес

Гости

Headline

QR мени, нарачки од маса, резервации, календар, превод.

1.000 ден/мес

Тим и раководство

Распоред, плати, checklists, custom улоги, live view, Telegram.

1.000 ден/мес

AI скен

OCR на фактури и договори - fair use, надминувањето се наплаќа посебно.

1.500 ден/мес

„Сè“ - Core + сите модули за 5.900 ден/мес (капа)

Никогаш не плаќаш повеќе, без разлика колку модули вклучуваш. Годишна претплата = 2 месеци бесплатно · заклучена цена 2 години.

Препораки

Препорачај локал - работи бесплатно.

Кога локал што го препорачуваш ќе стане платежен корисник, ти добиваш 1 месец бесплатно, а тие добиваат бонус на старт. Без ограничување - секој нов локал е уште еден бесплатен месец, до цела година бесплатно.

  1. 1 Препорачај го Тефтер на друг локал
  2. 2 Тие се претплатуваат и почнуваат да плаќаат
  3. 3 Ти добиваш бесплатен месец, тие бонус

Без обврска. Ти се јавуваме за демо или понуда.

Прашања

Често поставувани прашања

Дали Тефтер е усогласен со барањата на УЈП за фискализација?

Тефтер издава фискални сметки преку поврзан фискален принтер и ги поддржува сите законски барања за фискализација на УЈП. За конкретни прашања поврзани со твојот даночен статус, консултирај се со сметководител или директно со УЈП.

Дали Тефтер работи со мојот постоечки фискален уред?

Тефтер е проектиран да работи со широк опсег на фискални принтери достапни на македонскиот пазар. Препорачуваме да го провериш списокот на поддржани уреди или да контактираш со нашиот тим пред да го поврзеш постоечкиот уред. Повеќе за POS системот за ресторани може да прочиташ овде.

Дали Тефтер поддржува X и Z фискални извештаи?

Да. Тефтер поддржува X извештаи (за преглед во текот на денот без затворање) и Z извештаи (дневно затворање на фискалниот уред), како и периодични фискални извештаи за избран временски период.

Со годишна претплата - 2 месеци бесплатно.

Целосна инсталација и обука. Core + модули - плаќаш само што користиш, без долгорочен договор.

Контакт

Закажи демо.
Побарај понуда.

Доаѓаме на лице место, инсталираме Тефтер и ги поминуваме твоите модули и цени. Без такса за демонстрацијата.

Не сакаш форми? Избери канал:

Понуда / демо

Пополни кратко - остатокот го средуваме во разговор.

Со испраќање се согласуваш со Политиката за приватност.