-
Aperitivo & Vinyl -
Baccara Bar & Cafe -
Revija Bar & Food -
Boulevard Caffe -
Род бистро -
Monopol’o -
Цут -
Смешколенд -
Four Brothers -
Беровец - И уште…
- ✓ Целосен POS од ден 1.
- ✓ Плаќаш само модули што ти требаат - Побрза услуга, Поголем профит, Хотел.
- ✓ Без скриени трошоци и без доплата по уред.
Ресторански POS
што е само твој.
Нарачки, KDS, Финансии, залиха, QR мени, резервации и фискални сметки - во еден локален систем.
Работи на твојот постоечки хардвер. Фискал, термални, таблети и кујнски екрани - поврзани.
Core + модули по избор.
Модулите се додаваат на Core.
Локално, без ограничување на уреди - каси, таблети и телефони за келнери колку што ти требаат. Заклучена цена, а никогаш не плаќаш повеќе од „Сè“.
Core POS
ЗадолжителноЦелосен POS од ден 1 — од нарачка до фискална сметка.
- Маси, нарачки, мени, floor plan и режим за брза храна
- Каса, раздолжување по келнер, пишанки и фактури
- Фискални сметки на еден фискален уред + печатење во кујна и шанк
- Основна залиха: артикли, прием на фактури, набавено / продадено, „86“
- Финансии: месечни трошоци и долгови кон доставувачи
- QR мени за гости — фотографии, алергени, преводи
- Извештаи, крај на ден, X и Z извештаи
- Корисници, ПИН, основни улоги, влез/излез на смена
- Известувања во апликацијата и на е-пошта
- 10 AI скенирања на фактури месечно
Побрза услуга
За побрза кујна, шанк и услуга во целиот локал — кога работите со повеќе луѓе.
Сè од Core, плус:
- KDS екрани во кујна и шанк наместо ливчиња
- EXPO и носач, станици по секции (скара, салати, десерти…)
- Повик на келнер од кујната или шанкот
- Повеќе фискални уреди (пр. шанк + тераса)
- QR нарачки од маса и самонарачка
- Резервации на маси и календар со потсетници
- +10 AI скенирања месечно
Поголем профит
За сопственици што сакаат контрола врз трошоците и тимот.
Сè од Core, плус:
- Рецепти и нормативи — коктели, чаши, house pour
- Попис со отстапувања, расход и магацини
- Бруто добивка, COGS и профит по производ
- Рабати од доставувачи и известувања за ниска залиха
- Распоред на смени, работно време и плати
- Задачи за смената (checklists) и сопствени улоги
- Live view — промет и маси во живо од телефон
- Telegram известувања и дневни извештаи
- +10 AI скенирања месечно
Хотел
НовоХотелско работење во истиот систем со ресторанот.
- Рецепција и преглед на соби (tape chart)
- Резервации по соба, пријава и одјава
- МВР пријава на гости
- Домаќинство — статус на чистење по соба
- Сметка за соба → една фискална сметка со ресторанот
- Директни резервации од вашиот сајт
- Синхронизација со Booking.com и Airbnb
Core + Побрза услуга + Поголем профит + Хотел
Сите функции и 30 AI скенирања месечно. Годишна претплата = 2 месеци бесплатно · заклучена цена 2 години.
AI скенирања
AI ги чита фактурите (и договорите за рабат) наместо тебе. Месечно вклучени:
- Core10 скенирања
- Core + еден модул20 скенирања
- Core + Побрза услуга + Поголем профит30 скенирања
Над тоа: 10 дополнителни скенирања = 250 ден + ДДВ — се наплаќаат само ако ги потврдиш во апликацијата.
Секоја понуда вклучува
- → Инсталација и обука
- → Поддршка во работно време, и далечински
- → Ажурирања на софтверот
- → Неограничен број уреди — без доплата по каса, таблет или келнер
Препорачај локал - работи бесплатно.
Кога локал што го препорачуваш ќе стане платежен корисник, ти добиваш 1 месец бесплатно, а тие добиваат бонус на старт. Без ограничување - секој нов локал е уште еден бесплатен месец, до цела година бесплатно.
- 1 Препорачај го Тефтер на друг локал
- 2 Тие се претплатуваат и почнуваат да плаќаат
- 3 Ти добиваш бесплатен месец, тие бонус
Без обврска. Ти се јавуваме за демо или понуда.
Сè што ти треба -
плаќаш само што користиш.
Core е целосен POS. Модулите „Побрза услуга“, „Поголем профит“ и „Хотел“ се вклучуваат кога ти требаат - без доплата по уред и без „пакети“ што не ги отвораш.
Следи сѐ -
во живо.
Сопственикот гледа промет, маси и статус директно од телефон. Дел од модулот „Поголем профит“ - без посебна апликација.
- Сѐ за локалот, на едно место
- Ажурирано во реално време
- Заштитено со пристапен код
- Од телефон - каде било
Знај ја заработката
до состојка.
Не само промет - вистинска добивка. Постави цели, гледај профит по производ разложен до рецепт, и добиј AI анализа со конкретни чекори.
Постави цели по сектор
Целни маржи за кујна и шанк и таван за труд. Извештаите ги обојуваат реалните бројки зелено или црвено наспроти твоите цели - веднаш гледаш каде отстапуваш.
- ✓ Бруто маржа по кујна/шанк
- ✓ Труд како % од промет
- ✓ Зелено/црвено споредба во живо
Профит по производ - до состојка
Секој производ разложен: набавна цена по рецепт (× последна цена на состојка), распореден труд и режиски. Отвори картичка и види ја вистинската маржа - не претпоставка.
- ✓ Костинг картичка по производ
- ✓ Секоја состојка со количина и цена
- ✓ Нето маржа по ставка
Анализирај со AI
AI го чита извештајот за периодот и враќа краток брифинг: што е на цел, каде да внимаваш и приоритетни чекори со проценет ефект. Насока за одлуки, извоз во PDF.
- ✓ Наоди по кујна/шанк/набавки
- ✓ Приоритетни акции со ефект
- ✓ Извоз во PDF
Локал, кујна, каса.
Еден систем.
Нарачката оди од масата во кујната, наплатата станува фискална сметка, а прометот се гледа во Финансии - сè на истите податоци, во живо.
Нарачки на маса
Мени со слики, брзо додавање, белешки и испраќање во кујна и шанк - со еден допир.
- Нарачка на маса, шанк или за носење
- Делење сметка, пишанки, фактури
- Фискални сметки со УЈП
Локалот во 3D
Вашиот распоред, изграден во 3D. Отворени маси, сметки и износи - во живо, на прв поглед.
- Уредувач на распоред (2D / 3D)
- Тераса, кафич, кат, соби
- Состојба на маса во живо
Кујнски екрани (KDS)
Тикети на екран наместо ливчиња. Секоја станица ги гледа своите ставки, EXPO ги испраќа.
- Станици: скара, салати, фурна, бар
- EXPO и носач
- Повик на келнер
Финансии
Кому должиш, кој ти должи и колкав е прометот - без втора апликација и без Excel.
- Долгови кон доставувачи
- Побарувања од клиенти
- Месечни трошоци и промет
QR мени
Гостите го скенираат QR-от на масата и листаат мени на својот јазик. Со „Побрза услуга“ - и нарачуваат.
- Шаблони: Story, Aurora, Bistro…
- МК · EN · SQ, цени и во €
- Нарачки од маса директно во POS
Хотел
Рецепција, резервации по соба, домаќинство и сметка за соба - во истиот систем со ресторанот.
- Tape chart и пријава/одјава
- МВР пријава на гости
- Booking.com и Airbnb
Целиот POS - во џебот на келнерот.
Истиот систем на телефон или таблет. Келнерот зема нарачки од масата; менаџерот гледа резервации и прави раздолжување.
- Нарачки директно од масата
- Резервации и распоред во рака
- Каса, раздолжување, Финансии
- Истиот систем на телефон и таблет
Детали што прават разлика
Со годишна претплата - 2 месеци бесплатно.
Целосна инсталација и обука. Core + модули - плаќаш само што користиш, без долгорочен договор.
Често поставувани прашања
Колку чини програма за ресторани (POS систем)?
Тефтер е Core + модули: Core POS од 1.900 ден/месец, па додаваш само модули што ти требаат - Побрза услуга (1.600), Поголем профит (2.200) и Хотел (бесплатно со претплата). Сè заедно: 5.900 ден/месец. Без ограничување на уреди. Финална понуда ја кроиме по локал. (programa za restorani, POS sistem za restorani.)
Што е вклучено во Core, а што се плаќа посебно?
Core: маси, нарачки, мени, каса и раздолжување, фискални сметки, основна залиха (прием, набавено/продадено), QR мени, Финансии, извештаи, корисници и влез/излез на смена, плус 10 AI скенирања месечно. Модули: Побрза услуга (KDS екрани, EXPO/носач, повик на келнер, повеќе фискални уреди, QR нарачки, резервации), Поголем профит (рецепти и нормативи, попис, расход, профит, распоред, плати, задачи, сопствени улоги, live view, Telegram) и Хотел. Секој модул носи +10 AI скенирања.
Дали Тефтер работи со фискален принтер и издава фискални сметки?
Да. Тефтер се поврзува со фискални принтери и издава фискални сметки усогласени со барањата на УЈП. Ако веќе имаш фискален уред, го користиме него.
Дали ми треба нов хардвер?
Не. Тефтер работи на компјутерот што веќе го имаш и на Android таблет. Ако тукушто отвораш локал, можеме да обезбедиме целосен систем.
Што е KDS?
Kitchen Display System - кујнски / бар екрани со тикети, EXPO и runner наместо (или покрај) хартиени chit-ови. Дел од модулот „Побрза услуга“.
Дали работи локално, без интернет?
Да. Тефтер е локална инсталација и работи и без интернет. Интернет е потребен за QR менито, cloud функции и далечинска поддршка.
Закажи демо.
Побарај понуда.
Доаѓаме на лице место, инсталираме Тефтер и ги поминуваме твоите модули и цени. Без такса за демонстрацијата.